Јакимовски побара притвор за раководство на градежната компанија чиј работник почина на градилиште во Центар

news
Advertisement

Градоначалникот на општина Карпош и претседател на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски повторно се обрати преку социјалните мрежи околу случајот со загинатиот работник на градилиште на улица Пиринска во општина Центар.

Advertisement

Овој пат тој обвинува за притисоци врз институции и бара одговорност дури и притвор за раководството на градежната компанија која го гради објектот каде работникот почина.

Од дувлото во Белата Палата ни Aл ни Aбер. Арамиската дружина молчи. Кутриот човек што погина, со превртеното багерче на партиските им колеги Фреди and company, за него не поkажаа ни тронка жал, ниту емпатија. Едноставно како мајка ,него да не го родила, не се оградуваат од партискиот спонзор и потпретседателот. Очевидци кажуваат дека на 24.11.2023 кога погинал човекот, Фреди немал градежна дозвола. Јамата не ја обезбедил со шипови. Вака необезбедената јама предизвикала уривање на соседната куќа, која има 7 наследници и за која се води судска постапка.

Луѓето од надлежните институции кажуваат дека е правен невиден притисок и давани непристојни предлози за да се минимизира нивната неодговорност. Предизвикале несреќа и изгубен е човечки живот ,направена е значителна материјална штета. Тоа се две кривични дела.

Со оглед на тоа дека вршеле притисок врз надлежни институции, може да го повтори кривичното дело затоа што гради на други места и може да избега.
Се поставува прашањето дали овие луѓе не треба да бидат притворени додека не се утврди степенот на нивната одговорност?!!!

Багерот бил за копање ровови, а не градежни јами, машината по габарит била многу мала и несоодветна за оваа работа, со тркала наместо со гасеници и ископот не бил соодветно обезбеден, ниту пак биле почитувани правилата за заштита при работа.

ПС : Тие ќе возат Порше Карера, а машинистот ќе копа градежна јама место со прописен багер, со обична играчка и таа нивна неодговорност однесе човечки живот” вели Јакимовски во својата објава.

Извор. https://24info.mk/2023/12/26/%d1%98%d0%b0%d0%ba%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b0%d1%80%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%b4/?fbclid=IwAR0FJsyPqMLhAlnoUPIz–hUfL9U6JFZJpi9Mv6d2AAEIcW9axRurud25Sg

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.