Јапонски град изгради ограда околу местото каде туристите ја фотографираат планината Фуџи

news
Advertisement

Јапонски град изгради ограда околу местото каде туристите ја фотографираат планината Фуџи
+
Јапонски град изгради ограда околу местото каде туристите ја фотографираат планината Фуџи / Фото: Kazuhiro NOGI / AFP / Profimedia
Јапонскиот град Фуџикавагучико денеска постави голема мрежеста бариера на популарното место за гледање на планината Фуџи, во обид да го одврати се поголемиот број туристи од фотографирање. Најпознатата глетка во Јапонија може да се види и од други места, но на локалното население во Фуџикавагучико им е преку глава од приливот на претежно странски посетители кои фрлаат отпадоци, навлегуваат во приватен имот и ги кршат сообраќајните правила во потрага по фотографија за споделување на социјалните мрежи.

Advertisement

Паркирајќи незаконски и игнорирајќи ја забраната за пушење, тие се собираат на тротоарот за да ја фотографираат планината покриена со снег како фотогенично се издигнува на небото зад продавницата, велат жителите. Работниците денеска почнаа да ја поставуваат црната мрежа со димензии 2,5 на 20, изјави новинар на АФП од местото на настанот.

„Мислам дека е разочарувачки што тие го поставуваат тоа. На крајот на краиштата, тоа е легендарна глетка. Но, се надевам дека мрежата ќе ги спречи овие опасни акции на туристите“, изјави за АФП жителот Мичи Мотомочи (41), кој води традиционална јапонска продавница за слатки.

ADVERTISING

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.