Љубител на „Тесла“ си го вградил клучот од автомобилот во раката

news
Advertisement

Брендон Далали решил хируршки да си вгради чип во раката, кој всушност е клучот за неговиот автомобил „Тесла“.
Далали ги информираше луѓето за својот необичен потфат на социјалните мрежи, а неговата објава набрзо стана вирална.

„Конечно решив да го земам проблемот со клучевите на мобилниот телефон во свои раце …буквално. Имплантација на клучот „Тесла“ во форма на чип“, напиша тој во описот на видеото кое го сподели на „Твитер“.
Во својот коментар, тој додаде дека овој чип не е врзан само за еден автомобил и дека може да го спои со која било идна „Тесла“ што ќе ја вози. Тој исто така истакна дека чипот освен што го отклучува автомобилот, има и други функции.

„Клучот е само апликација која е инсталирана на чипот“, објасни Далали.
Патем, бесконтактниот чип на „Тесла“ е направен од биокомпатибилни материјали за да може безбедно да се вгради под кожата.
Што мислите за ваквиот потег?

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *