Љубиша Николовски: ВМРО-ДПМНЕ се плаши ако ги загуби претседателските дека ќе изгуби гласачи за парламентарните избори

news
Advertisement

ВМРО-ДПМНЕ се плаши дека ако изгуби на претседателските избори, ќе изгуби гласачи и на парламентарните избори“ рече новинарот Љубиша Николовски во „Студио 10“ на ТВ24 говорејќи за тоа дали изборите треба да бидат одвоени или заедно.

Advertisement

Тој изјави дека во интерес на државата и граѓаните е изборите да бидат одвоени, со цел да се добие легитимет претседател, а не личност која ќе се влече на рејтингот на партијата.

Изборот на претседател е посебна институција и се избира согласно редот. Не е точно дека немало излезност на претседателските избори досега. Само ако една голема партија реши да не излезе нема да има цензус“ рече Николовски.

Новинарот додаде дека изборите треба да бидат согласно, закон и Устав и дека треба да се прекине со нападите врз граѓаните и разговорите за тоа дали изборите треба да бидат одвоени или заедно.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.