Груби не се гледа во премиерска фотелја, ќе седне ли таму жена?

news
Advertisement

Вицепремиерот Артан Груби нема амбиции да се искачи една скала повисоко. За позицијата технички премиер, вели, во ДУИ има цел базен на соодветни кадри, и жени и мажи, кои би можеле да се справат со предизвикот.

Advertisement

Не е првпат Груби да ги спомне и жените во овој контекст, со што остава простор за шпекулации дека е можно 100 дена пред изборите, техничката влада да ја предводи премиерка.

Тој не верува дека Алијанса за Албанците ќе ја напуштат владата, особено затоа што изборите се блиску. Напротив, очекува да соработуваат и на следните избори. Таравари, пак, вчера повтори дека не прифаќаат заеднички листи со ДУИ и не ја исклучи можноста да заминат во опозиција.

За ова ќе разговараат партиските органи, а ќе се консултираат и со амбасадори, затоа што, вели, овде веќе „не се знае кој со кого работи“ и им требаат инструкции за да знаат кој пат да го фатат.

Од Демократскиот сојуз ја поздравија најавата на Алијанса дека „не сакаат и понатаму да бидат патерица на ДУИ и се приклучуваат на определбата на опозиционите партии за што е можно побрзо паѓање на актуелната Влада и организирање на избори“.

Сметаат дека во Собранието има мнозинство пратеници кои можат да донесат одлука за распуштање на Парламентот, со што ќе се создадат услови за одржување на вториот круг претседателски и парламентарни избори во ист ден.

Далиборка Демјанска Цветановска

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.