TikTok веќе не е кинески – еве кои се новите сопственици

News

Американски инвеститори преземаат мнозински удел во „ТикТок“

Кинеската компанија „БајтДенс“, сопственик на социјалната мрежа „ТикТок“, потпиша обврзувачки договори со американски и глобални инвеститори за преземање на мнозинскиот удел во американските операции на платформата, потврди извршниот директор на „ТикТок“, Шоу Зи Чу, во обраќање до вработените.

Со договорот се става крај на повеќегодишниот притисок од Вашингтон врз „БајтДенс“ да го продаде американскиот бизнис на „ТикТок“, поради загриженост поврзана со националната безбедност, јавува Би-би-си.

Според меморандумот доставен до вработените, 50 отсто од новото заедничко вложување ќе биде во сопственост на група инвеститори, меѓу кои се технолошката компанија Oracle, инвестицискиот фонд Silver Lake и фирмата MGX со седиште во Обединетите Арапски Емирати. „БајтДенс“ ќе задржи 19,9 проценти од уделот, додека Oracle, Silver Lake и MGX ќе поседуваат по 15 проценти.

Преостанатите 30,1 отсто ќе им припаднат на филијалите на постојните инвеститори на „БајтДенс“.

Од „ТикТок“ соопштија дека договорот ќе овозможи повеќе од 170 милиони корисници во САД непречено да продолжат да ја користат платформата и да бидат дел од глобалната заедница.

Како дел од договорот, Oracle ќе го лиценцира алгоритмот за препораки на „ТикТок“, потврдија претходно од Белата куќа. Компанијата е ко-основана од Лари Елисон, познат поддржувач на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *