Земјотрес кај Кичево ноќва, почувствуван слаб потрес
Земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер беше регистриран ноќеска во 01:23 часот, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според податоците, епицентарот бил лоциран 15 километри југојугозападно од Кичево и 73 километри североисточно од Елбасан, Албанија. Потресот се случил на длабочина од 15 километри.
Нема информации за материјална штета.