Ескалира ,,Кравјата криза” во Крива Паланка откако денеска русокосата газдарица на стотици крави почна да дели боксови во кал.
Инцидентот се случил во селото Добровница каде кравите, кои со години шетаат слободно низ поширокото подрачје на Крива Паланка, изеле огромна количина зелка на приватни земјоделци кој живеат од нејзина продажба.
Откако кравите биле затворени од оштетените земјоделци и биле повикани инспектори на Агенцијата за храна и ветерина во селото дошла газдарицата со цел да го земе добитокот.
Во инцидентот се гледа како газдарицата му удира бокс на земјоделецот кој останал без зелка.
,,Ѓорѓиевска Јулијана мис во акција на писта.
Бараме одговорност од AXВ
MВР да постапи согласно законот
Кравите направиле пустош на имот на земјоделци во с.Добровница-Крива Паланка. Уништиле 25.000 кг зелка. Совесни зејоделци ја собрале стоката во штала, по што ги известиле надлежните од АХВ. Во меѓувремено пристигнале поранешните сопственици и насилно се обиделе да го ослободат добитокот. Кравите прават пустошат низ Паланечките села и градот повеќе години”, пишува во објавата на социјалните мрежи.
Градоначалникот на Крива Паланка неколку пати има уптатувано апел дека кравите неколку години се пуштени сами се движат низ селата и веќе влегуваат и во Крива Паланка прават многу штета на земјоделските насади и на зелените површини во градот. Посебно се опасни бидејки се движат и по мегународниот автопат кон преминот за Бугарија но никој не реагирал на неговите барања во име на жителите како што велат за Либертас мештаните. Кравите се пуштени сами,сопственичката Јулијана и нејзиниот татко не реагираат,се однесуваат бахато,наводно Јулијана била блиска до владеачката партија па дури и ја имало на политички спотови за последните парламентарни избори,ангажирана од владеачката ВМРО ДПМНЕ.