Голема сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Велес – многу повредени

News

Пет повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Велес, информира МВР

Пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што денеска попладне се случила на автопатот Скопје–Велес, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила околу 16:20 часот и во неа учествувале две патнички возила. Повредените, кај кои првично биле констатирани телесни повреди, со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во здравствени установи во Скопје за укажување лекарска помош.

На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Скопје, а причините и околностите под кои дошло до несреќата се утврдуваат.

Претходно, дел од медиумите, повикувајќи се на информации од социјалните мрежи, објавија дека кај наплатната рампа Петровец имало верижен судир меѓу повеќе возила поради намалена видливост од густата магла. Од МВР засега не потврдуваат такви наводи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *