Напад на полициски службеници кај „Св. Стефан“ – приведени две лица

News

Во раните утрински часови на 29 ноември 2025 година, околу 01:10 часот, охридската полиција приведе двајца мажи од селото Пештани – Г.М. (52) и Р.М. (65).

Инцидентот се случил на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на населбата „Св. Стефан“, каде двајцата најпрво вербално навредувале, а потоа и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени активности.

При алкотестирањето било утврдено дека Г.М. имал 1,63 промили алкохол во крвта, додека кај Р.М. биле измерени 0,53 промили.

Полицијата соопшти дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *