Кога инфлуенсер ќе се преигра: САКАЛ ДА ГИ ШОКИРА ФАНОВИТЕ – УМРЕЛ ОД ОВА

News

Целта на овој опасен „маратон за храна“ беше да ја промовира својата програма за слабеење, но експериментот заврши трагично.

Нмерата му била да ги шокира следбениците

Дмитриј планираше да се здебели околу 25 килограми, кои потоа ќе ги изгуби за рекордно време, сè со цел да ја докаже ефикасноста на својата програма за слабеење. Со недели консумираше огромни количини брза храна – пица, хамбургери, чипс, торти и колачи – и го документира целиот процес на социјалните мрежи, каде што го следат повеќе од 43.000 луѓе. Во едно од своите видеа, Нујанзин го објасни своето дневно мени:

Моментално се здебелувам за мојот курс за слабеење, а ова е мојата диета од 10.000 калории. За појадок имам многу колачи и половина торта. За ручек обично јадам 800 грама ќофтиња со мајонез. Во текот на денот грицкам чипс, а за вечера имам хамбургер и две мали пици.

Тој исто така им вети награди на своите следбеници. Во објава од 21 октомври, тој напиша:

Пријатели! Мојот курс за слабеење започнува многу наскоро, каде што можете да освоите одлични награди и, што е најважно, да изградите убаво тело, да научите да се храните правилно и да уживате во вежбањето! Ќе ослабам заедно со моите учесници, па сè ќе биде двојно повозбудливо!

Фитнес тренерот дури понудил 115 евра на секој што тежи повеќе од 100 килограми и ќе успее да изгуби 10 проценти од својата телесна тежина до Нова Година.

Трагичен крај на опасен експеримент

Сепак, нездравата исхрана на овој млад инфлуенсер имала фатални последици. Неговото срце застанало за време на спиењето, објавија руските медиуми. Тој бил пронајден мртов еден ден откако ги откажал тренинзите со клиентите и се пожалил на пријателите дека не се чувствува добро и планирал да оди на лекар.

На почетокот на предизвикот, тој тежел малку над 92 килограми, а до 18 ноември неговата тежина достигнала 105 килограми. Во неговата последна објава на социјалните мрежи, тој беше снимен како јаде чипс и се фали со зголемувањето на телесната тежина со натпис:

„Го сакав тоа и го направив!“

Нујанзин, кој дипломирал на Оренбуршката школа за олимписки резерви и Националниот фитнес универзитет во Санкт Петербург, беше погребан во неговиот роден град Оренбург.

Предупредување од доктор

Британската фондација за срце предупредува дека прекумерното зголемување на телесната тежина може да има сериозни последици за здравјето на срцето.

Тоа може да доведе до натрупување на масни наслаги во артериите (атеросклероза), да го зголеми ризикот од висок крвен притисок, висок холестерол и дијабетес тип 2. Ова се исто така фактори на ризик за срцеви заболувања.“

Ако артериите што го снабдуваат срцето со крв се оштетени и блокирани, тоа може да доведе до срцев удар. Ако ова се случи во артериите што го снабдуваат мозокот со крв, може да предизвика мозочен удар или васкуларна деменција“, објаснуваат експертите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *