Вратени одредбите што ги спасуваа функционерите

News

Вратени одредбите што ги спасуваа функционерите – помали казни и можни условни пресуди

Собранието повторно ги враќа дел од избришаните одредби од Кривичниот законик за злоупотреба на службената положба, но со поблаги казни кои отвораат простор функционерите да се извлечат и со условни пресуди.

Со измените предложени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кај член 353 повеќе не постои минимална казна од пет години затвор, како што беше порано. Наместо тоа, за најтешките форми на злоупотреба се предвидува затвор од четири до десет години, што значи побрзо застарување и поголеми шанси неосудуваните функционери да избегнат ефективен затвор.

Иако измените се носат по итна постапка по насоки од Уставниот суд, веќе две години постои готов нов Кривичен законик изработуван од експерти под покровителство на ОБСЕ, кој ниту старата ниту актуелната власт не го носат во Собранието.

Законот стапува во сила осмиот ден од објавувањето во „Службен весник“, без фискален ефект врз Буџетот, но со порака дека борбата против високата корупција и понатаму останува со поблаги санкции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *