Денеска попладне, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираше Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и невреме со појава на град.
Утре (петок) во текот на денот се очекува променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h). Температурата ќе има значително нагло опаѓање и во гостиварскиот регион ќе се движи од 9 до 20 степени.