Advertisement
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја потресе Хрватска, во близина на градот Сисак.
Advertisement
Според EMSC, земјотресот е регистриран во 05:45 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на десет километри од градот Сисак, а длабочината на ударот била пет километри.
На официјалната веб-страница на EMSC имаше коментари од жителите во и околу Сисак, кои ги споделија своите искуства со овој земјотрес. Повеќе од 300 луѓе го пријавиле овој земјотрес, според EMSC.
Некои од коментарите се: „Тој ја потресе куќата, не е заебанција“, „Два силни удари, еден по друг“, „Ќерка скокна од кревет“, „Кратка, но силна“.
Advertisement