Advertisement
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во гостување на ТВ21 рече дека е многу тешко, скоро невозможно да се открие од каде доаѓаат лажните дојави за бомби, кога тие се испратени преку ВПН, односно со „криење“ на ИП-адресата на испраќачот.
Advertisement
Тој вели дека ова е дел од „хибридната војна“ што се води против земјава.
„Мислам дека токму сега е избран тајминг кога имаме и состојба во која што имаме висок ризик за организација на настан. Осум средни училишта и едно основно училиште на територија на Скопје имавме денеска. Сите проверки се завршени, дојавите се лажни“, вели Спасовски.
Advertisement