Викенд „туризам“ на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – партиите како сред изборна кампања

news
Advertisement

„Први кои што ќе имаат најголема корист од измените на Кривичниот законик се Мухамед Зеќири и Драги Рашковски, како двајца поранешни генерални секретари на Владата“, вели Александар Николоски.

Advertisement

Најголемите политички партии во земјава како да се во изборна кампања, иако до редовниот термин за тоа има помалку од една година. ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струга ги убедуваше граѓаните дека која ќе дојдат на Власт, во Македонија ќе одговара секој кој направил криминал.

Граѓанин: Едно прашање за криминалите на оваа власт, дали ќе одговараат?

„За секој криминал што ќе го докажеме ќе има одговорност и ќе одговараат“, вели Христијан Мицкоски.

СДСМ пак беше меѓу граѓаните во Гостивар.

„ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место. Нема ниту еден аргументи зошто се блокира подобар животен стандард на граѓаните. Со членство во ЕУ го обезбедуваме македонскиот јазик, идентитет, култура но и економскиот просперитет на државата и на сите наши граѓани“, вели Сања Лукаревска.

Од партијата повторуваат дека две понуди до ВМРО-ДПМНЕ и натаму се отворени.

„Во понеделник да ги изгласаме уставните измени, истиот ден ќе го распуштиме Собранието и ќе одиме на избори или доколку сакаат тогаш може да ги отвориме уставните измени, да влезат во Владата на паритетна основа, односно 50% од министерствата, плус да ги затвориме процесите на скринингот и на уставните измени, да ги отвориме поглавјата да затвориме заедно едно или две и потоа одиме на претседателски и парламентарни избори“, вели Димитар Ковачевски.

ДУИ викендов беше без активности, но функционерите споделуваа анкета со која се фалеа дека се втора најпопуларна „сила“ на политичката сцена.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.