Германската министерка за надворешни работи смета дека војната во Украина ќе ескалира

news
Advertisement

Ваквиот став, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го темели на фактот што според неа рускиот претседател Владимир Путин не сака да преговара за воспоставување мир во Украина
Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во интервју за „Функе“ вели дека човештвото мора да победи во Украина и дека доколку земјата биде поразена во војната со Русија светот ќе се соочи со незамисливи последици од безбедносен аспект.

Advertisement

„Човештвото мора да победи, безбедноста на Европа и меѓународниот поредок ќе бидат загрозени доколку Русија ја победи Украина. Поддршката на Украина е наша сопствена гаранција за безбедност“,

Дополнително, таа вели дека очекува војната во Украина да ескалира оти рускиот претседател Путин не сака ни да помисли да преговара за изнаоѓање решение за ставање крај на војната која трае нешто повеќе од две години.

„Тој повеќе од јасно дава до знаење дека е надвор од дофатот на рационалните аргументи и вредностите на човештвото. И тој сигурно не сака да преговара“,

Министерката за надворешни работи на Германија смета дека можноста за испраќање војници од европските земји во Украина не е прифатлива, а воедно кажа дека целта на Путин е да го уништи постоењето на Украина како суверена земја и со тоа да го вовлече НАТО во отворена војна.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.