Дојава за бомба во кривопаланечко основно училиште

news
Advertisement

Денеска во Општина Крива Паланка целосно се евакуирани објектите на основно училиште од градот по претходно добиена дојава за бомба.

Advertisement

Од Секторот за внатрешни работи Куманово ја потврдија информацијата.

-Денеска, 2 декември 2022, околу 11 часот во СВР Куманово, полициска станица Крива Паланка, било пријавено дека на електронската адреса на едно основно училиште во Крива Паланка е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.

Изутринава лажни дојави за бомби имаше и во три скопски училишта.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.