ЗЕМААТ ПЛАТА, А НЕ ОДАТ НА РАБОТА во Пошта, а нема ни санкции

news
Advertisement

Еден куп проблеми во функционирањето на Пошта се пронајдени во спроведена физибилити студија од лоша организација и менаџирање на низ целата територија на Македонија, па се до недостиг од дигитализација, мануелна работа и човечки грешки во финансиските извештаи.

Advertisement

Како дел од проблемите се отсуство на единствен систем на работа и неодговорни работници кои не одат на работа.

Проблемите се опишани во Физибилити студија на Пошта спроведена во 2021 година, за која државата платила околу 800.000 евра, пишува Порталб.мк.

Поштата која е во државна сопственост, со години работи со загуба. Владата во 2020 година година отвори расправа за нејзина приватизација и ангажираше компанија да спроведе физибилити студија за работата на институцијата. За оваа студија поранешниот секретар на Владата Мухамед Зекири, беше обвинет и осуден на две години и шест месеци затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, поради тоа што потпишал договор без да ја испочитува постапката за јавна набавка.

Физибилити студијата е спроведена во периодот кога директор на Поштата беше Јани Макрадули и се однесува на периодот од 2012 до 2020 година. Во овој период со Поштата раководеа Рафиз Алити, Гоце Боболиноски, Фадис Реџепи, Ејуп Рустеми и Јани Макрадули.

Според студијата, на Пошта и недостига организација на работата и ефикасно управување.

Во однос на организацијата на поштенската работа, се заклучува дека има низок надзор на работењето и контрола на резултатите, ниска ефикасност поради дотраената физичка инфраструктура и низок степен на дигитализација, дуплирање на работните задачи и работа во неформален систем.

Еден од највознемирувачките проблеми на Поштата е тоа што вработените не се појавуваат на работа и за нив не се одредени санкции. Овој проблем повеќе се појавува во изборни периоди кога се занемаруваат поштенските потреби.

Извор. https://vecer.mk/makedonija/d75eec73-6a26-47e8-84bf-83091b2494ed?utm_content=buffer63857&utm_medium=social&utm_source=facebook.com&utm_campaign=buffer&fbclid=IwAR0yQeX21CKn5S0rttVFwMA9aQ45lePRwiAfRAuRNbVAiYChUUGjeQjvE6Y#ls7vjcls2f0tpaq2ybs

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.