Избегнувајте маснотии и сосови – високите температури го зголемија бројот на труења со храна

news
Advertisement

Брзата храна на високи температури се причина за појава на чести труење со храна кај граѓаните. Според лекарот Бесник Мустафаи, болките во стомакот, повраќањето, се најчестите симптоми кои ги чувствуваат граѓаните во овој период од годината.
„Најчестите случаи кои бараат помош се случаите со гастроентеритис или труење со храна. Најчесто пациентите повраќаат, имаат дијареја или чувствуваат изнемоштеност. Бараат помош од Одделот за итната медицинска помош. Оваа појава можеме да кажеме дека е последица од труењето со храна или консумирање тешка храна на високи температури. Често имаме и пациенти во групи кои доаѓаат од некој ресторан или семејни прослави, каде на масите не изостануваат сосовите. Поради високите температури доаѓа до труење или интоксикација, а во некои случаи може да дојде и до компликации со тешка дехидрација и да преминат на секундарна нега во болница“, вели Бесник Мустафаи.Лекарите препорачуваат на овие високи температури да се консумира лесна храна без многу маснотии.
„Ние како лекари препорачуваме на овие високи температури да се внимава на количината и квалитетот на храната. Значи храната да биде полесна, да не се консумира масна храна, да се намали консумирањето на сосови. Ако почувствувате изнемоштеност или имате дијареја, веднаш да се обратите за помош во соодветните институции“, порача Бесник Мустафаи.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.