Ковачевски си е среќен со својот рејтинг, за најдобриот на Груевски реши да молчи

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од неговиот рејтинг кој го има според анкетата на ИРИ. Не сакаше да го коментира тоа што експремиерот и бегалец Никола Груевски, има најдобар рејтинг споредено со сите политичари. Според анкетата на ИРИ, популарноста на Ковачевски е пет проценти, а поголем процент на популарност имаат Груевски, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Зоран Заев. Во делот на личните рејтинзи, тоа секако има влијание. Јас нема да го коментирам личниот рејтинг на било кој политичар. Јас можам да го коментирам мојот, кој би кажал дека нашите граѓани знаат да препознаат кога некој го вложува целиот труд, напор и енергија кога во време на најголема криза се грижи за економска стабилност, обезбедување на енергетска стабилност и топлинска енергија. Анкетата опфаќа 10 месеци од моето назначување во Владата, свесноста растела со прилично голем процент. Во однос на политичките рејтинзи и тоа е респектибилно, со оглед на 10 месечното раководење со Владата“, вели Ковачевски.

Advertisement

Довербата во правосудството која е 4%, односно бележи пад од 4% споредено со претходната анкета која беше спроведена. Но, Ковачевски смета дека не треба да ја коментира зошто нема поврзаност со истата. Упати медиумите одговори да бараат од правосудната власт.

„Во однос на правосудството, тоа е прашање за правосудните органи. Ние имаме независна правосудна власт“, додаде Ковачевски.

Тој смета дека од анкетата има корисни заклучоци, а има оправдување и за деловите каде Владата и СДСМ имаат лоши рејтинг.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.