МУ КАЖА 2 ЗБОРА, ПА ГО ЗАСТРЕЛА СО 1 КУРШУМ. Полицајката која го усмрти напаѓачот од Сиднеј е хероина, велат австралиските власти

news
Advertisement

МУ КАЖА 2 ЗБОРА, ПА ГО ЗАСТРЕЛА СО 1 КУРШУМ Полицајката која го усмрти напаѓачот од Сиднеј е хероина, велат австралиските власти
Таа беше доведена во ситуација да мора да го убие. Таа го направи тоа толку мирно. Таа беше неверојатна, изјавил очевидец за „news.com.au“. Херојството на полицајката го потврди и претставникот на австралиската полиција Ентони Кук.

Advertisement

Храбра полицајка стави крај на теророт во преполниот трговски центар во Сиднеј кога го застрела напаѓачот со еден куршум во градите. Таа дејствувала сама.

Според Мајкл Данкли, сопственик на кафуле во трговскиот центар, полицајката му рекла на напаѓачиот „да го спушти ножот“. Напаѓачот не послушал и тргнал по неа со ножот чие сечило имало 15 сантиметри.

– Таа беше доведена во ситуација да мора да го убие. Таа го направи тоа толку мирно. Таа беше неверојатна – изјави тој за „news.com.au“.

Херојството на полицајката го потврди и претставникот на австралиската полиција Ентони Кук.

– Припадничка на полицијата се соочи со напаѓачот… таа брзо тргна зад него за да го стигне. Тој се сврте кон неа и го подигна ножот. Таа употребила огнено оружје и таа личност сега е мртва – рекол тој, пренесува „Гардијан“.

Кук рече дека, врз основа на прелиминарната истрага, се чини дека напаѓачот дејствувал сам.

Ужасот се случил во саботата попладне во 15 часот и 20 минути по локално време, кога маж во дрес почнал по случаен избор да ги боде купувачите, меѓу кои и една жена и нејзиното деветмесечно бебе, при што биле потврдени шест мртви и многу други повредени.

Девет лица беа избодени со нож за време на хоророт додека семејствата во паника бегаа да си ги спасат животите. Последните информации на Би-Би-Си се дека шестмина од ранетите се мртви.

Во текот на нападот неименуван човек од трговскиот центар му застанал на патот на напаѓачот со што спасил многу животи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.