На здравје нека се „наполитанките“: “Треска“ тресна на Уставен суд

news
Advertisement

„Треска“ тресна на Уставен суд. За деталите објавија од “Шанса за Центар”:

Advertisement

🚩Уставниот суд, без расправа и повикување експерти, ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на планот за Буњаковец, во кој спаѓа и просторот на „Треска“.

За жал се потврди правилото „Устав може да се смени, ама ДУП никако“.
На здравје нека се во Буњаковец:

⚫️ над 1 милион м2 бруто изградена површина за домување наместо 400.000 што ги дозволува ГУП-от.

⚫️ над 60% изграденост за домување наместо 22% колку што дозволува ГУП-от

⚫️ над 33.000 жители наместо 12.500 колку што дозволува ГУП-от.

⚫️ над 9.300 просечен број на семејства наместо 3.400 колку што дозволува ГУП-от.

‼️ 0.36 м2 зеленило по жител или ич.

❌ густина на изграденост со планираните висини со кои не се обезбедува минимален стандард за нормално хумано живеење или доволна аерација и минимални 2 часа осонченост.

‼️ уште подолги листи за чекање за запишување во градинка, училишта…

♨️ На здравје нека се „наполитанките“

Кој сака да прочита повеќе зошто планот по кој се продава земјата и почнува да се гради кај „Треска“ на следниот линк може да го преземе елаборатот за суспензија изработен од стручната служба на Општина Центар:

Извор: https://skopje1.mk/archives/248997

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.