Нeмал само Пике тајна девојка; „Шакира и Надал имаа интензивна љубовна афера“ тврди познат шпански фоторепортер

news
Advertisement

Додека Шакира се обидува да најде договор со Пике, а Надал се подготвува за УС Опен, шпанскиот познат папарацо откопа „бомба“ која брзо го обиколува светот.

Advertisement

Шпанскиот папарацо Жорди Мартин ја фрли „бомбата“ во „Америка Нотисиас нун“: Шакира и Рафа Надал имале тајна љубовна врска. Тоа се случило во 2009 година, кога колумбиската поп ѕвезда го избра славниот тенисер за протагонист на видео клипот на песната Gipsy.

Во видеото, двајцата покажуваат хемија, делат погледи и насмевки, на крајот – иако по барање на сценаристт на спотот – дури си разменуваат бакнежи. Лажни, се разбира. Но, папарацото тврди дека не било тоа само лажна изглумена хемија на спотот.

„Шакира и НАдал имаа интензивна љубовна врска“, уверува тој. Тогаш пејачката сè уште не го познаваше Пике, додека Надал веќе беше свршен со неговата сегашна сопруга Мери Перело, со која се запозна во 2005 година и се ожени во 2019 година.

„Во тоа време сите зборуваа за врска помеѓу Шакира и Алехандро Санз (популарен шпански музичар и пејач), но во реалноста тие двајца отсекогаш беа само пријатели, а таа излегуваше со Надал“, објаснува папарацото.

Во моментов двајцата не ја негираа ова гласина. Борејќи се со тешката разделба од Пике, во исто време Шакира е во неволја и со даночното затајување за која ѝ прети затворска казна, додека Надал е на стартната линија на УС Опен и чека да стане татко за прв пат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.