ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА УРИВА РЕКОРДИ , во декември лани изнесувала 40.000 денари

news
Advertisement

Програмерите во декември имале просечна плата од 98.307 денари, над 60.000 денари зеле и вработените во воздухопловниот транспорт каде што просекот е 80.881 денар, потоа дел од стручните, научните и техничките дејности каде што просекот е 63.005 денари и вработените во фармацевтската индустрија со просечна плата од 60.325 денари.

Advertisement

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година изнесува 39.998 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на Статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември лани во однос на претходната година бележи раст од 16,4%. Реално пак за истиот период просечната нето-плата пораснала за 12,3%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување од 27,5 %, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 27,1 % и во секторот градежништво од 21,.8 %.

ПОЛОШИ ОД НАС СЕ САМО БОСАНЦИТЕ Македонците на дното според…

10,9 МИЛИОНИ ЛУЃЕ СЕ НЕВРАБОТЕНИ ВО ЕВРОЗОНАТА Каде живеат…

Статистика пресмета дека декемвриската плата лани е зголемена и во однос на ноемвриската за 4,3% номинално, а реалниот раст е од 4%.

Во овој месец раст на нето-плататс од 9,7% е остварен во градежништвото, потоа во дејностите од уметноста, забавата и рекреацијата каде што растот е од 9 % и во рударство и вадење на камен каде што растот е од 8,6%.

Просечната плата во декември била највисока во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности од 98.307 денари, по кои се вработените во воздухопловниот транспорт каде што просекот е 80.881 денар, потоа кај дел од стручните, научните и техничките дејности со просечна плата од 63.005 денари и вработените во фармацевтската индустрија со просечна плата од 60.325 денари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.