СЕММ: Загрижува толеранцијата на испадите на функционерите

news
Advertisement

Пцовките, навредите, заканите и целата агресија во телефонска комуникација помеѓу новинарите и функционерите се сведоштво за елементарна лична некултура, но и за општествена атмосфера каде се нормализираат и толерираат овие испади и тоа е она што особено загрижува, напиша меѓудругото на својот фејсбук профил, претседателката на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите (СЕММ) откако директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани со недоличен однос вербално ја нападна новинарката на МКД.мк, Катерина Додевска. Таа побара оставка од директорот Рамадани.
„Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудува безобразниот и дрзок вербален напад од директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани кон новинарката на МКД.мк Катерина Додевска. Пцовките, навредите, заканите и целата агресија во таа телефонска комуникација се сведоштво за елементарна лична некултура, но и за општествена атмосфера каде се нормализираат и толерираат овие испади и тоа е она што особено загрижува.
Кога вакви атаци врз медиумите и медиумските работници доаѓаат од страна на јавни функционери тоа дополнително зборува и за целокупната слобода на говор и услови за работа на нашите колеги. СЕММ бара одговорност и оставка од директорот и итна реакција од институциите за овој скандал“, напиша Синадиновска на својот фејсбук профил.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.