Тренчевска: Ќе имаме нов Општ колективен договор за јавниот сектор со кој ќе се обезбеди постојан раст на платите

news
Advertisement

Новиот Општ колективен договор во јавниот сектор на кој се работи, ќе обезбеди поголеми права за работниците, а новата методологија ќе обезбеди постојан раст на платите на вработените, нагласи вечерва министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, истакнувајќи дека тоа ќе биде системско решение кое нема да зависи од ничија политичка волја.

Advertisement

Таа, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, информираше и дека новиот општ колективен договор за јавниот сектор ќе биде потпишан до крајот на годината.

Тренчевска потенцираше дека социјалниот дијалог со синдикатите е жив и оти тој продолжува. Таа додаде дека во рамки на тој дијалог се носат најдобрите решенија за работниците.

– Едно од првите решенија беа измените на законот за минимална плата. Во 2017 година минималната плата беше 9000 денари, денес е 18.000 денари. Тоа е двојно зголемен плати и двојно повисоки приходи за работниците, посочи министерката.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.