Уште еден пожар во ресторан предизвикан од прскалки – Овој пат во…

News

Уште еден пожар во ресторан предизвикан од прскалки – Овој пат во Мадрид

Пожар во ресторан во Мадрид предизвикан од прскалки – нема повредени

Мал пожар избувна во ресторан во центарот на Мадрид во саботата навечер, откако огномет во затворен простор предизвикал палење, но за среќа немало повредени ниту материјална штета, јавува агенцијата Франс Прес.

Инцидентот се случил во ресторанот „Фанатико“, кој е дел од групацијата GLH Singular Restaurants и се наоѓа на познатата авенија Кастелана, во срцето на шпанската престолнина. Од компанијата информираат дека пожарот избувнал во еден од нивните локали, но бил навреме забележан од персоналот.

„Пожарот беше ставен под контрола за околу осум секунди со помош на противпожарни апарати и не се прошири“, соопштија од групацијата, додавајќи дека ситуацијата брзо била стабилизирана.

Во официјалното соопштение се нагласува дека нема повредени лица, ниту пак се регистрирани структурни оштетувања на објектот. Надлежните служби биле информирани, а случајот завршил без посериозни последици.

Инцидентот се случува помалку од две недели по смртоносниот пожар во Кран-Монтана, Швајцарија, што повторно го отвори прашањето за безбедноста при употреба на огномет и пиротехнички средства во затворени простории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *