Функционерите си лапнаа две илјадарки ама по ден, а работниците штрајкуваат за 2.000 денари повисока плата !

news
Advertisement

Функционерите си лапнаа две илјадарки ама по ден, а работниците штрајкуваат за 2.000 денари повисока плата !
Македонски парадокс во пресрет на Меѓународниот ден на трудот

Advertisement

Извор: Вечер

Работниците на Чикаго се заслужни тоа што денес во голем дел од светот се одбележува 1 Мај како меѓународен празник на трудот. Во светот на овој ден се одржуваат масовни протести и демонстрации. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), годинава, најави протест што ќе почне во понеделник 1 Мај, точно напладне, пред зградата на Синдикатот, а ќе заврши пред Владата. ССМ ги повикува на масовни протести да се приклучат сите работници кои не се задоволни од работничките права и од висината на платите. – Незадоволството е уште поголемо, имајќи предвид дека функционерите си ги зголемија платите за 78 отсто, без никаков колективен и социјален договор. Со други зборови, ова зголемување од 2.000 денари на месечно ниво што не го остварија кон вработените си го остварија кон нив, но тие на дневно ниво си ги зголемија платите за 2.000 денари, изјави за весникот ВЕЧЕР, Иван Пешевски, претседател на Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање

Меѓународниот ден на трудот се празнува на 1 Мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Одбележувањето е во знак на почит кон жртвите на штрајкот, што се одржа од 1 до 4 мај 1886 година, во Чикаго. На 1 мај 1886 година, повеќе десетици илјади работници на Чикаго излегле на улиците, со единствена цел да издејствуваат воведување на осумчасовен работен ден. Полицијата која внимателно го следела штрајкот, во првите два дена не употребила сила. На 3 мај кога дошло до судир помеѓу работниците на синдикатот кои штрајкуваа и оние кои биле вработени наместо нив, се вмешала многубројна полиција која за да воспостави ред употребила огнено оружје. Во судирот се убиени четири лица, а повредени се и многу членови на синдикатот.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес, во 1889 година, донела декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на своите права. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји низ светот се одржуваат демонстрации и мирни протести.

Први мај е синоним за протести, не само во светот туку и во земјава, бидејќи години наназад се одржуваат синдикални протести, чија основна цел е подобрување на работничките права. Како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) годинава мирниот протест ќе почне во понеделник 1 мај точно напладне пред зградата на Синдикатот, а ќе заврши пред Владата. ССМ ги повикува на масовни протести да се приклучат сите работници кои не се задоволни од работничките права и од висината на платите.

-ССМ НА 1 МАЈ ОРГАНИЗИРА НАРОДЕН МАСОВЕН ПРОТЕСТ ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА И ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР. ПРОТЕСТОТ, КОЈ ЌЕ ПОЧНЕ ВО 12 ЧАСОТ, ПРЕД ЗГРАДАТА НА ССМ И ЌЕ ЗАВРШИ ПРЕД ВЛАДАТА. ОВАА ГОДИНА НАЈГОЛЕМОТО НЕЗАДОВОЛСТВО КАЈ НАШИТЕ ВРАБОТЕНИТЕ Е ШТО УШТЕ НЕ ПОТПИШАНИОТ ОПШТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР СО КОЈ СЕ ПРЕДВИДУВА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОВОЈ СЕКТОР. НЕЗАДОВОЛСТВОТО Е УШТЕ ПОГОЛЕМО ИМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА ФУНКЦИОНЕРИТЕ СИ ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТИТЕ ЗА 78 ОТСТО, БЕЗ НИКАКОВ КОЛЕКТИВЕН И СОЦИЈАЛЕН ДОГОВОР. СО ДРУГИ ЗБОРОВИ ОВА ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 2.000 ДЕНАРИ НА МЕСЕЧНО НИВО ШТО НЕ ГО ОСТВАРИЈА КОН ВРАБОТЕНИТЕ, СИ ГО ОСТВАРИЈА КОН НИВ, НО ТИЕ НА ДНЕВНО НИВО СИ ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТИТЕ ЗА 2.000 ДЕНАРИ, ИЗЈАВИ ЗА ВЕСНИКОТ ВЕЧЕР, ИВАН ПЕШЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИНДИКАТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ИНДУСТРИЈА И ПРОЕКТИРАЊЕ.

Поради тоа од Синдикатот ги повикуваат сите работници да излезат масовно и заедно да и покажат на Владата и на работодавачите дека е потребно зголемување на платите, бидејќи инфлацијата веќе го изеде последното зголемување од 2.000 денари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.