Двајца малолетници уапсени при обид да превезат мигранти кај Речица

News

Двајца малолетници од Кочани се уапсени вечерва, откако полицијата ги затекнала во обид да превезат пет мигранти во возило „Фолксваген Пасат“. Инцидентот се случил на 30 ноември околу 20:00 часот, во атарот на село Речица, Кумановско.

Полицијата претходно дала знак за запирање на возилото на автопатот од Романовце кон Граничниот премин Табановце, но возилото продолжило со движење. Во возилото биле пет мигранти три од Мароко и по еден од Алжир и Судан.

Малолетниците се обиделе да побегнат, но се пронајдени и лишени од слобода. Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар. Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *