Грозоморно убиство во гостиварско: Обвинителството откри страшни детали како маж и неговата партнерка ја ликвидирале Хавва Азизи

News


Грозоморно убиство во гостиварско: Обвинителството откри како маж и неговата партнерка ја ликвидирале Хавва Азизи

Основното јавно обвинителство Гостивар покрена истражна постапка против две лица – маж и жена од гостиварскиот регион, осомничени за тешко убиство извршено на особено свиреп начин, соопштија од обвинителството.

Според првичните сознанија, осомничените, дејствувајќи како соизвршители, на 7 декември ја земале Хавва Азизи од селото Здуње пред нејзиниот дом и ја однеле во нивната куќа во селото Неготино, гостиварско. Таму, поради претходни недоразбирања, меѓу нив избила расправија.

По кавгата, жртвата била затворена во помошна просторија која е во сопственост на лице што живее во странство. Обвинителството наведува дека осомничената донела пиштол, по што осомничениот со еден истрел од огнено оружје ја усмртил Хавва Азизи.

По извршеното убиство, двајцата осомничени го ставиле телото во количка, го пренеле во автомобил и го однеле во атарот на селото Неготино. Таму телото било спуштено во претходно ископана дупка, запалено и потоа покриено со земја, гранки и други предмети, со цел прикривање на трагите од злосторството.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар поднел предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради опасност од бегство и можност за влијание врз истрагата.

Информацијата ја објави Скопје1.мк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *