Британската амбасада потврди дека соработува со македонската влада за справување со нелегалната миграција

News

Лондон и Скопје преговараат за прифаќање мигранти од Велика Британија..Англиските медиуми повторно ја отворија темата дека Македонија започнала формални преговори за прифаќање на бегалци чији барања за азил во Британија биле одбиени ..Повикувајќи се на извори во владата, британски Тајмс наведува дека земјава ќе добива финансиска поддршка за секој лице што би го прифатила, заедно со дополнителни инвестиции и програми за зајакнување на безбедносниот сектор..Разговорите веќе биле почнати..

За Безбедносните експерти главнот опрашање е кои се тие лица кои не ги поминле безбедносните проверки на британските служби – а можат, како што наведуваат британските медиуми , да добијат работни дозволи во Македонија…

Владимир Пивоваров: „Таму вели, тие мигранти кои нема да бидат одобрени од властите во Англија, тие мигранти ќе ни ги пратат. Прашањето е кои се тие мигранти што они ги одбиваат. Значи тие луѓе имаат некаков проблем. Не се работи само за хуман аспект туку се работи пред се и за безбедносен аспект.“

Од британската амбасада во земјава ниту потврдуваат ниту демантираат дека во тек се вакви преговори..Во објава на социјалните мрежи, сепак, се посочува дека има соработка за справување со нелегалната миграција..

Амбасада на Велика Британија: „Двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, зајакнувајќи ја безбедноста и справувајќи се со криминалните мрежи. “

Според СДСМ, Британската амбасада ја потврдика соработката за мигрантите..Од Опозицијата ја обвинија власта дека најважните информации ги кријат од јавноста..

СДСМ: „Очигледно лажниот патриот Мицкоски, кој се колнеше дека „шанса нема“ да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за мигранти. Додека на големо го крадат народот преку милионски тендери на нивни фирми ова е ново предавство на Мицкоски и неговата власт. Ајде да видиме што сега ќе измисли ВМРО-ДПМНЕ. “

Од владаат негираа дека во тек се преговори за прифаќање на мигранти од Британија, тврдејќи дека тие извештаи се само за внатрешна употреба..Наводите на британските медиуми ги демантираа и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ…

ВМРО ДПМНЕ: „Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови. Ова е уште една лага од “фабриката” на истата партија која пред само неколку години молчеше пред најголемиот мигрантски бран и ја претвори државата во транзитна зона без контрола. “

Според информациите кои ги објавија Британските медиуми,  мигрантите би имале можност да поднесат барање за азил во Македонија или да аплицираат за работни визи во области каде што недостига работна сила…Тие исто така би можеле слободно да ја напуштат земјата доколку одлучат…Слични разговори се воделе и со Косово додека пак Албанија и Босна и Херцеговина, одбиле учество во ваков проект…

Во мај годинава, Македонија потпиша договор за стратешко партнерство со Велика Британија со кој доби речиси 6 милијарди евра кредит за финансирање на капитални проекти…Од владата тогаш демантираа земјава во замена ќе треба да прифаќа мигранти од Британија..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *