НА ВИНСКА ВИЗИЈА: Ковачевски, придружуван од Николовски и Бочварски ќе има обраќање на саемот на вино, храна и туризам во Белград

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествува на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград. Ковачевски, кој е придружуван од министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски, ќе има обраќање на официјалното отворање на саемот.

Advertisement

На годинашниот саем се присутни над 600 изложувачи од бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји, што претставува одлична можност за воспоставување деловни релации, размена на идеи и ставови за винската индустрија пред сѐ.

Најголем дел од винариите, дестилериите и гастрономските компании што ќе се претстават на саемот се од земјите членки на Отворен Балкан. Покра 74 претставници од земјава, ќе има 260 од Србија и 21 од Албанија.

Првиот саемски ден ќе биде од затворен карактер за професионални купувачи и високи личности. Меѓу нив ќе има и претседатели, премиери и луѓе од владите на земјите од Отворен Балкан и на други земји кои ќе ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во рамки на посетата на Белград, утре премиерот Ковачевски ќе има средба со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе биде потпишан и Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси меѓу Министерството за транспорт и врски на Република Македонија и Министерството за градежништво сообраќај и инфраструктура на Република Србија.

Дополнително, под покровителство на Владата на Република Македонија и во организација на премиерот Ковачевски, ќе се одржи настан „Македонска вечер“, во рамки на кој ќе има дегустација на македонски вина и храна.

Минатата година на првото издание на саемот „Винска визија Отворен Балкан“ имаше 400 производители на вино и храна од над 22 земји, меѓу кои и 42 винарии од земјава, како и „Македонска вечер“ на која покрај лидерите од регионот беа присутни и голем број бизнисмени.

Саемот се одржува под покровителство на владите на Албанија, Србија и Македонија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.