Тешка несреќа кај Могила. Многу повредени

news
Advertisement

На 22.11.2022 во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат, кај клучка Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 54 годишник од Прилеп и патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 21 годишник од Битола.

Advertisement

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил битолчанец на 56 години, сопатник во патничкото возило, констатирани во Градската болница Прилеп. Додека со телесни повреди се здобиле петмина сопатници во возилото, сите од Битола.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп“, додаваат од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.